петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 139
home Вести

Честојнова: СДСМ по кој знае којпат ги излажа земјоделците

Честојнова: СДСМ по кој знае којпат ги излажа земјоделците

Павлинче Честојнова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница рече дека таа како пратеник од Тиквешијаата, 90% од луѓето кои ги претставува се занимават токму со земјоделие при што кажа дека секогаш ги поддржувала и ќе ги поддржува сите законски решенија кои се во интерес на земјоделците, а посебно како во овој случај токму во интерес на лозарите.

-Значителен број на земјоделски производители не го остварија правото на дополнителна помош од членот 99 од законот за земјоделство и рурален развој. Со одлука на Влада и врз основа на програмата за финасиска поддршка во земјоделието.Токму затоа уште минатиот месец и го иницирав ова прашање на пратеничко прашање односно ја иницирав исплатата на лозарите кои своето грозје го имаат предадено на винасрките визби „Поварадарие“ и „Стефани“, посочи Честојнова.

Таа кажа дека како одговор од тогашниот министер за земејоделие, Љупчо Николовски и било одговорено дека не се исплатено 666 лица кои не биле корисници на основната мерка директни плаќања по обработлива земјоделска површина за оддржување на посотечки лозови насади од годишната програма за финансиска поддршка во земјоделието во перидот од 2014 -2016.

-Јас тогаш гласав и го предложив овој закон и дадов целосна поддршка на ова дополнување на законот.Но и тогаш реков и сега дека се надевам дека и овојпат земјоделцит немаа да бидат изманипулирани и излажани. И навистина после попмезно најавување, средби коишто беа оставрени ја не верував може да се случи земјоделците односно лозарите да бидат повторно изманипулирани. Верував дека барем овојпат оваа влада ќе си остане на зборот, истакна пратеничаката.

Честојнова потенцира дека на овој начин СДСМ ги злоупотреби во предизборната кампања.

-Земјоделците по којзнае којпат беа излажани. Денеска имавте можност да го исправите тоа и овие близу 700 земјоделци да бидат исплатени. Но наместо тоа овој предлог закон не наиде на ваша поддршка од ваша страна и без образложение на комисијата за земјоделие беше отфрлен, додаде пратеничката.

Коронавирус