петок, 25. септември 2020. Вести денес: 19
home Вести

Честојнова: Наместо вистинска реконструкција на Владата, гледаме смена на министри заради внатрепартиски несогласувања

Честојнова: Наместо вистинска реконструкција на Владата, гледаме смена на министри заради внатрепартиски несогласувања

Оваа влада која секојдневно го задолжува секој граѓанин на Република Македонија, која велеше нема слобода и живот и чист воздух, а ништо неправи за тоа, Македонија е најзагадена во Европа, а Скопје во неславна конкуренција за најзагаден град во Светот, го уништи земјоделието и е елементарна непогода за земјоделците. Наместо смена на некој од одвие министри ние гледаме разрешување на министри заради партиски реваншизам, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Павлинче Честојнова на вчерашната собраниска седница.

Таа посочи дека премиерот Зоран Заев го прифатил предлогот на претседателите на партии за смена на министрите Аксел Ахмедовски и Аднан Ќахил, но никој не слушна никакво образложение за работата на овие двајца министри.

– Не слушнавме ниту збор што сработиле, ниту што не сработиле како министри во оваа Влада, затоа што смената на министри се прави врз основа на сработеното, а не врз основа на барање на претседатели на политички партии. Ништо не видовме од најавуваната реконструкција на владата која толку беше најавувана и требаше да биде освежување. Во оваа реконструкција денес се разрешуваат двајца министри само заради внатрепартиски несогласувања, истакна Честојнова.

Коронавирус