вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Честојнова: Македонска пошта губи милиони поради неажурноста на Агенција за пошти!

Честојнова: Македонска пошта губи милиони поради неажурноста на Агенција за пошти!

Меѓу повеќето надлежности на Агенцијата ќе се осврнам само на неколку следење на работа на давателот на поштенски услуги, следење на развојот на пазарот на поштенски услуги. Морам да забележам дека Агенцијата за пошти дозволува нелојална конкуренција на пазарот на поштенски услуги, а со тоа неквалитетна конкуренција, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Павлинче Честојнова говорејќи на собраниската седница на која точка на дневен ред беше извештајот од Агенцијата за пошти.

Таа посочи дека Македонска пошта има екслузивно право на пратките за прием, пренос и достава до 50 грама со што само македонска пошта може да го прави ова.

-Но, јавна тајна е дека сметките чија тежина достасува до само 20 грама се доставувани од приватни опеартори главно во градските подрачја, додека во селата каде доставата е потешка ја прави Македонска пошта. Ова ја води Македонска пошта кон загуби. И сето ова се прави пред очите на Агенцијата за пошти, рече Честојнова.

Според неа, Агенцијата мора да преземе нешто во врска со тоа.

-Со ова се дозволува нелојална конкуренција што води кон намален сообраќај или пратки за 7 проценти помалку споредено со лани, зборуваме за пратките на писма, рече Честојнова.

Македонска пошта има развиена мрежа.

-Но верувам работи со загуба свесно за да ги задоволи потребите на граѓаните. Значи Македонска пошта губи милиони суми поради неажурноста на Агенцијата за пошти, рече Честојнова.

Коронавирус