вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 124
home Вести

Честојнова до заменик министерот за земјоделие: Дали сте запознаени дека од денес вработените во АД Водостопанство Тиквеш стапија во генерален штрајк

Честојнова до заменик министерот за земјоделие: Дали сте запознаени дека од денес вработените во АД Водостопанство Тиквеш стапија во генерален штрајк

Пратеничката Павлинче Честојнова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ при заседавање на Комисија за земјоделие го запраша заменик министерот дали е запознаен за состојбите на АД Водостопанство Тиквеш.

Од денес вработените во АД Водостопанство Тиквеш стапија во генерален штрајк. Дали сте известени дека 70 вработени веќе два месеци поточно 78 дена немаат земено плата, додаде Честојнова.

Честојнова на заменик министерот за земјоделие му појасни дека доцни онаа минимална плата што ја земаат од 12.000 денари, 78 дена овие вработени ја немаат земено.

Барањето на вработените во АД Водостопанство Тиквеш е исплата на платите односно на двете задоцнети плати најдоцна до 19 јули поточно овој месец, истакна Честојнова.

Најнови вести