среда, 2. декември 2020. Вести денес: 172
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Вести

Честојнова: Бришењето на одлуките од АСНОМ е досега најголемото понижување кое некоја власт им го приредила на сопствениот народ

Честојнова: Бришењето на одлуките од АСНОМ е досега најголемото понижување кое некоја власт им го приредила на сопствениот народ

На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Павлинче Честојнова. Таа кажа дека со договорот од Грција не се обезбедува Уставна гаранција дека Грција ќе ги исполни ветувањата кон Македонија.  Имено Честојнова исто така истакна дека бришењето на одлуките од АСНОМ е досега најголемото понижување кое некоја власт и го приредила на сопствениот народ.

„Бришењето на одлуките од АСНОМ е досега најголемото понижување кое некоја власт им го приредила на сопствениот народ и на сопствената држава. Бришењето на одлуките на АСНОМ  само за задоволување на барањата на Грците кое Грција го има  испорачано уште  до Обединетите нации во 1993 година со објаснување дека АСНОМ е за нив неприфатлив иредентизам “- кажа Честојнова.

Пратеничката исто така кажа дека сите досегашни претседатели и премиери не се осудиле да го сменат името затоа што знаеле дека тоа  преставува национална катастрофа и национално предавство.

Коронавирус