понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Честоева: Со употребата на Северна Македонија, Заев повреди многу чувства кај македонскиот народ

Честоева: Со употребата на Северна Македонија, Заев повреди многу чувства кај македонскиот народ

Весела Честоева, поранешен директор на „Археолошки Музеј“ во гостувањето на емисијата „Отворено на Алфа“ истакна дека со употребата на Северна Македонија, Заев повреди многу чувства кај македонскиот народ. Кај сите граѓани на Република Македонија.

-Мислам дека со тоа сакаше да покаже некое додворување према Република  Грција. Да го испочитува оној дел од договорот, затоа што и сам смета и неколку пати го изјави тоа во дуелот со претседателот Мицкоски дека нема да успеете да ме скарате со Република Грција. Мислам дека во прашање беше страв, но во секој случај сметам дека погоди голем број на граѓани на Република Македонија кои што навистина се чувствуваат Македонци, и на крај од краиштата тој живее, работи, твори во Република Македонија, појасни Честоева.

Честова посочи дека Заев не користеше нашата држава, државата во која живееме, туку експлицитно го користеше Северна Македонија. Тоа може да има лош feedback, не само по неговиот рејтинг туку и општо за целокупните чувства на Македонците.

Коронавирус