сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 44
home Вести

Честоева: Се омаловажуваат Национални установи – музеи, а на нивна сметка се форсираат анонимни здруженија

Честоева: Се омаловажуваат Национални установи – музеи, а на нивна сметка се форсираат анонимни здруженија

Националната годишна програма за култура за 2018-та е скандалозна, безидејна и со бројни нерегуларности. Истата е одраз на непрофесионалноста и неспособноста на министерство за култура по водство на Алаѓозовски,  обвини Весела Честоева на денешната прес-конференција во ВМРО-ДПМНЕ.

Следува интегрален текст од нејзината прес-конференција

Програмата е полна со скандалозни одлуки кои со право ни даваат да се сомневаме за корупција, конфликт на интереси и злоупотреба на службената должност од страна на комисиите кои одлучуваа за проектите, но и раководни лица од Mинистерсвото за култура.

Во музејската дејност и заштитатата на нематеријалното културно наследство, Национални установи – музеи се понижени и омаловажени, а на нивна сметка се форсираат анонимни здруженија за кои јавноста ништо не слушнала и нема никакви информации.

Националната установа Музеј на Македонската борба за државност и самостојност е целосно деградирана и омаловажена. Музејот кој содржи богати и значајни поставки од историјата на македонскиот народ и неговата борба за државност и самостојност и организира близу 200 настани во годината од Алаѓозовски има добиено скромни 220.000 денари. На сметка на тоа анонимното здружение кое освен со култура, се занимава со спорт и екологија, Солеина од Тетово е поддржано со 600.000 денари за Промотивен караван на Мал музеј на Зекирија Алији и Евиденција на истите музејски експонати.

За да бидат апсурдите поголеми, Здружението кое се занимава со развој на општеството и животна средина АКТА НОН ВЕРБА – СКОПЈЕ за Монографија за албанските католички семејства во Скопје поддржано е исто така со 600.000 денари. За потсетување Музејот на македонската борба е посетен од стотици илјади посетители од над 80 земји од светот, истиот е полноправен член на меѓународни асоцијации и неговата работа е наградена со високи интернационални признанија.

Сепак, Алаѓозовски и министерството очигледно сметаат дека таква установа не треба да биде поддржана од државата.

Скандалозноста и чудните критериуми на Програмата ја отсликуваат и следните два примери. Афирмација и одржување на македонската култура на традиционалните обичаи на православна крштевка во Македонија на Здружението ЕДНАКВИ ЗА СИТЕ – КОЧАНИ во прграмата има добиено со 450.000 денари, додека за афирмација и одржливост на албанската култура преку промоција на традиционалните обичаи на албански сунет во Македонија на Здружението ДРИТА АГБ ГОСТИВАР одвоени се 500 илјади денари.

Тука би сакале да го поставиме и прашањето дали претседателот на Комисијата за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство, Мила Шурбановска е носител и раководител на проектот Археолошки истражувања на локалитетот Стакина чешма – Бакновка, проект на Националната установа Археолошки музеј Скопје, за чија реализација комисијата доделила 200.000 денари?

Ја прашуваме по втор пат и бараме да даде одговор.

Повеќе од очигледно е дека СДСМ преку Програмата на министерството за култура награди голем дел од најгласните експонати на таканаречената „Шарена Ревлуција“ и луѓе блиски до министерот и останати високи функционери во Владата. Со Програмата меѓу другото се фаворизираат и невладини организации само за задоволување на коалициските апетити на СДСМ и ДУИ.

Сето тоа ни дава за право да сметаме дека критериумите за одобрување на проекти и распределба на средства се само политички и ништо друго.

Почитувани, за неговата негрижа говори и последниот скандал вчера со грабежот на Музејот на Есма Реџепова.

Наместо Министерот Алаѓозовски да се занимава со испитување на „општествената оправданост“, што и тоа ли да значи на Музејот на Македонската Борба, требаше во изминатиот период од близу година дена да го насочи своето внимание на Музејската поставка која познатата Есма Реџепова ја донираше на Република Македонија, а која буквално беше оставена на милост и немилост од страна на Министерството за култура, што повлекува едно сериозно прашање колку воопшто се води сметка за сигурноста и безбедноста на Музејските институции во државата, или во агендата на Министерството за култура наместо реална анализа и решенија за заштитата, преовладува Деструкција и уназадување на културата во сите нејзини сегменти.

Токму заради големиот број на скандали и бурните реакции во јавноста и кај уметниците и културните работници, Програмата бараме да биде повлечена, а Министерот за култура да понесе морална и политичка одговорност.

Коронавирус