среда, 18. септември 2019. Вести денес: 33
home Вести

Честоева: Како може да ни ја сменат историјата за нешто што со векови постоело на ова тло

Честоева: Како може да ни ја сменат историјата за нешто што со векови постоело на ова тло

Весела Честоева, поранешен директор на „Археолошки Музеј“ во гостувањето на емисијата „Отворено на Алфа“ појасни дека културата е стратешки интерес на една држава, тоа е жива материја на која што вклучува повеќе сегменти меѓу кои и заштитата на културното наследство. Тоа што го спомнавте околу менувањето на учебниците, формирана е знаеме комисија која што работи подолго време за работа на тој дел. Како може да ни ја сменат историјата за нешто што со векови постоело на ова тло.

-По професија сум археолог, работам во културата подолг временски период, основач на новиот „Археолошки  музеј на Македонија“ за кој што можам да кажам дека преставува репрезент  на македонската историја. Зошто го велам тоа, затоа што во музејот се сместени многубројни артефакти, над 8.000 артефакти кои што беа дел на систематските археолошки капитални истражувања кои што владата на ВМРО во изминативе 11 години ги финансираше и поддржуваше. Се работеше на 40 археолошки локалитети низ Република Македонија, нагласи Честоева.

Честоева истакна дека сето тоа движно културно наследство ние не можеме да се откажеме од тоа. Тоа се наоѓа во сите музеи ширум Република Македонија. Тоа културно наследство треба допрва да се конзервира, да се реставрира за да може да биде изложено. Секој предмет што е изложен во „Археолошки  музеј на Македонија“ е ископан точно на ова тло македонско. И не може ние да се откажеме од македонското културно наследство.