вторник, 21. август 2018. Вести денес: 96
home Вести

Честитка од Заев по повод Велигден

Честитка од Заев по повод Велигден

Премиерот Зоран Заев по повод големиот христијански празник Велигден упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, до Синодот, свештенството на МПЦ и до сите православни христијани.

– Овој голем празник не повикува да ја отвориме нашата волја и да се усовршуваме како луѓе и личности имајќи го предвид подвигот на Исус Христос и да ги чуваме душата и телото чисти, за да не бидеме задушени во мракот на невоздржувањето. Бидејќи, најголем пријател на верата и на луѓето можат да бидат токму воздржувањето и одговорноста. Тие човечки вредности можат со сигурност да ги ослободат, да ги зајакнат, да ги осилат душата и духот, се вели во честитката.

Со благодатта на распнатиот и воскреснатиот Христос, како што се наведува, во овие Велики денови, на сите православни христијани да Ви го честитам Воскресението Христово и нека биде за многаја лета.

Прмиерот Заев по повод празникот упати писмо со честитки и до Црковното претставништво и верниците на Евангелско-методистичката црква во Македонија.

Најнови вести