недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан Бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан Бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху.

Во честитката Пендаровски искрено посакува верниците празничните денови да ги поминат во мир, среќа, радост и благосостојба, споделувајќи љубов и хармонија со најблиските.

-За жал и годинава светиот месец Рамазан го поминавме обременети со пандемијата со ковид-19, во несекојдневна атмосфера соочени со бројни ограничувања и со неопходни мерки за заштита на нашето здравје и на нашите животи. Ви благодарам за истрајноста, внимателноста и дисциплината. Се надевам дека збогатени со духовната сила која ја дава Рамазан бајрам и понатаму ќе останеме посветени, одговорни и солидарни и ќе излеземе како победници во борбата со епидемијата чиј крај, благодарение на започнатата вакцинација, веќе се наѕира. Дозволете ми, токму на првиот ден на Рамазан бајрам, уште еднаш да потсетам на значењето на соживотот, толеранцијата и на меѓусебното разбирање во нашата заедничка татковина. Да останеме сплотени и заедно да придонесуваме за благосостојбата на сите наши сограѓани без разлика на нивната верска, етничка или каква било припадност, градејќи праведно општество и просперитетна Република Северна Македонија, се наведува во честитката.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија