недела, 22. мај 2022. Вести денес: 99
home Вести

Честитка од Пендаровски по повод празникот Свети Сава

Честитка од Пендаровски по повод празникот Свети Сава

Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети Сава упатува честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија, посакувајќи им празникот да го поминат пред сѐ во добро здравје, исполнети со радост и со среќа.

Денот на првиот српски архиепископ, просветител и духовник — Свети Сава, 27 јануари, е повеќе од национален ден на српската заедница во Република Македонија. Тоа несомнено е еден од најзначајните духовни и национални празници на српскиот народ. Токму преку своите традиции, обичаи и богатото духовно и културно наследство, Србите, како неизоставен дел од мултиетничка Република Македонија, ја збогатуваат нашата култура и оставаат печат во општественото живеење, се вели во честитката од Пендаровски по повод националниот ден на Србите во Република Македонија.

Посакувам, се вели во честитката од Пендаровски, мудроста, духовноста и истрајноста на Свети Сава да бидат мотивација и пример за надминување на сите искушенија и тешкотии и да нѐ инспирираат во постигнувањето мир, хармонија и благосостојба.

Нека е честит 27 јануари, денот на Свети Сава, се вели во честитката од претседателот Пендаровски.

Коронавирус