сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 28
home Вести

Честитка од Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија.

– Заедно со останатите етнички заедници и бошњачката искрено и неуморно го дава својот придонес во сите сфери на општествениот, економскиот и културниот живот во нашата земја, придонесувајќи во градењето на едно општество за сите. Горди сме што почитта, заедништвото и уважувањето на различностите се силата на нашата заедничка татковина. И понатаму како држава ќе продолжиме со исполнување на највисоките стандарди во заштитата на етничкиот, јазичниот и верскиот идентитет на сите наши граѓани и посветено ќе работиме на негување и промоција на бошњачката култура и традиција, се вели во честитката.

Претседателот Пендаровски, покрај желбите за добро здравје, успех и благосостојба, апелира да бидеме солидарни и одговорни во справувањето со Ковид-19.

-Би сакал да ја искористам оваа можност и да апелирам во период кога се очекува вториот бран од пандемијата со Ковид-19 да останеме сплотени, солидарни и одговорни и да се заштитиме себеси, најблиските и целата заедница. Верувам дека и од оваа битка, која ја води целото човештво, ќе излеземе како победници и набргу ќе се вратиме на нормалното секојдневие, мотивирани заеднички да работиме за демократска, модерна и просперитетна Република Северна Македонија, се наведува во честитката од претседателот Пендаровски.

Коронавирус