вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Честитка од Мицкоски за Рамазан Бајрам: Сплотени и со разбирање да го надминеме времето на предизвици и заеднички проблеми

Честитка од Мицкоски за Рамазан Бајрам: Сплотени и со разбирање да го надминеме времето на предизвици и заеднички проблеми

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати честитка со која на сите граѓани од муслиманска вероисповед да им го честита празникoт Рамазан Бајрам.

-Нека празничните мигови Ви поминат во спокој и радост, со најискрени желби за добро здравје и просперитет на секој од вас и вашите семејства. Ова време на предизвици, сиромаштија и заеднички проблеми можеме да го надминеме ако бидеме сплотени и ако покажеме дека со разбирање, соработка и толеранција можеме да ги надминеме сите препреки исто како што низ векови наназад сме го правеле. Македонија да ја градиме камен по камен, тула по тула, како свој дом и да ја заштитиме од пропаста кон која ја носи актуелната власт, се вели во честитката на Мицкоски.

Тој посочува дека сите имаме одговорност да се грижиме за секој човек во тој дом да има просперитет и перспектива.

-Да ја градиме таа перспектива тука, да обезбедиме просперитет за нас и за нашите поколенија тука. Да бидеме солидарни еден со друг, но и посветени кон успехот, затоа што сечиј успех е предуслов за успех на Македонија. Честит празник, Рамазан Бајрам, порача Мицкоски.

ЕУРО 2020

Македонија