недела, 18. април 2021. Вести денес: 91
home Вести

Честитка од Иванов до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Честитка од Иванов до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.

-Празнувајќи го Божиќ ние се потсетуваме на еден од најзначајните моменти во историјата – денот кога Синот Божји поради љубовта кон човештвото се отелотвори и стана човек. Поистоветувајќи се со нас, Христос ни овозможи и ние да се поистоветиме со Неговите заповеди – да имаме љубов кон Бога и солидарност кон нашите ближни, да простуваме за да ни се прости, да бидеме милостиви заради милоста што веќе ни е укажана. Рождеството Христово – Божиќ како еден од најсветлите и највозвишените денови во христијанството треба да не поттикне кон меѓусебно разбирање и почитување како услов за успех на општеството, се вели во честитката на Иванов.

Со таа мисла, се вели во честитката, упатувам искрени желби за мир, љубов и заедништво, бидејќи само така ќе успееме да изградиме просперитетна иднина и подобар живот за сите граѓани во Република Македонија.

Коронавирус