недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 103
home Вести

Чешкиот министер за одбрана во официјална посета на Македонија

Чешкиот министер за одбрана во официјална посета на Македонија

Министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар денеска ќе престојува во официјална посета на  Македонија.

Како што соопшти Министерството за одбрана, министерот Метнар ќе оствари те-а-тет средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а ќе се одржи и заедничка средба на македонската и чешката делегација.

Во текот на посетата ќе биде потпишан Меморандум за разбирање за техничка соработка меѓу Министерствата за одбрана и за внатрешни работи на Северна Македонија и Министерството за одбрана на Чешка. Меморандумот ќе го потпишат чешкиот министер за одбрана Метнар, министерката за одбрана Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

За време на официјалната посета, чешкиот министер ќе има одвоени средби со претседателот Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со претседателот на собраниската комисија за одбрана и безбедност, Миле Талевски.

Чешкиот министер за одбрана Метнар потоа ќе има презентација за безбедноста пред Комисијата за одбрана и безбедност и Собраниската делегација во ПС НАТО, а чешкиот заменик-министер за одбранбена политика и стратегија, Јан Хавранек пред нив ќе одржи предавање за безбедноста.

ЕУРО 2020

Македонија