среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 28
home Вести

Чепуњоски: Рашковски изнесе низа невистини против мене, пред надлежни органи ќе ги побијам неоснованите обвинувања

Чепуњоски: Рашковски изнесе низа невистини против мене, пред надлежни органи ќе ги побијам неоснованите обвинувања

Разрешениот директор на техника во М-НАВ, Климент Чепуњоски, се огласи со реакција по вчерашната прес конференција на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој го обвинува Чепуњоски за несовесност во вршење во службата и дека е заслужен за објавувањето на аудио снимката каде се разговара за спорниот тендер.

Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:

„Почитувани, во последните неколку дена, а особено на прес-конференција за печат, г-дин Рашковски изнесе цела низа на неосновани и невистинити обвинувања против мене.

Во насока на одбрана на мојата чест, углед и достоинство, а особено мирот на моето семејство, фактите и аргументите кои ги побиваат тврдењата на г-дин Рашковски ќе ги изнесам пред надлежните органи.“ – вели Чепуњоски во реакцијата, објави ТВ24.

Коронавирус