среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 136
Во живо

ВО ЖИВО: 31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Вести

Чепрганов: Заев со брусилица го избриша делот бугарски или фашистички од споменик, што мисли тој ќе имаме бруслица историја и ќе ги бришеме историските настани

Чепрганов: Заев со брусилица го избриша делот бугарски или фашистички од споменик, што мисли тој ќе имаме бруслица историја и ќе ги бришеме историските настани

Кога станува збор за разговори или преговори во комисиите меѓу Македонија и Бугарија јасно е дека македонската страна треба да го прифати само тоа што го бара бугарската страна, рече историчарот, професор Тодор Чепрганов на гостувањето на телевизија Алфа.

Тој прашува како може да се договориме со Бугарите за некои прашања од историјата и додава „тешко или никако“.

-Еве го прашањето за Втората светска војна. Окупатор се или не во Втората светска војна? Јасно е каде била бугарската политика во Втората светска војна, внимавајте бугарската политика, а не бугарскиот народ. Бришењето дека не биле окупатор го прави политиката, не историјата. Бугарите учествуваа во едно од најголемите злостроства, холокаустот. И нема тука што да се договараме, посочува Чепрганов.

Несомнено дека Бугарија прва ја призна државата, но не и народот, посочува Чепрганов, кој укажува дека тоа е условено признавање.

-Значи тие не сметаат за пријатели зошто ние сме Бугари. Но, за пријателство треба двајца, а ние немаме исти чекори со нив. Треба да се признае македонскиот идентитет, јазик, а тие не ги признаваат, вели професорот.

На Балканот има многу историја, вели Чепрганов, но тоа го прави политиката.

-Ние со бугарските колеги соработуваме, сме оделе на симпозиуми, но кога ќе се вмеша полититиката тоа е друго. Тоа е политизирање на историјата. Како пример земете го поранешниот премиер кога Зоран Заев зема со брусилица го избриша делот бугарски или фашистички од споменик. Да го направев јас како обичен граѓанин ќе ме затвореа зошто тоа е сквернавање на историјата. Како мисли тој ќе имаме бруслица историја и со брусилица ќе ги бришеме истприските настани. Историјата е меморија, овој народ има меморија. Да ги имате Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев во главите, тоа се пренесува од генерација на генарација, рече Чепрганов.

ЕУРО 2020

Македонија