вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 169
home Вести

Чекајќи да искористат какви-такви мерки граѓаните “закачуваат” корона

Чекајќи да искористат какви-такви мерки граѓаните “закачуваат” корона

Од почетокот на месец март до денес над 50. 000 граѓани останаа без работа и пола милион граѓани во земјата живеат со по 2 евра на ден.

Поради ваквата загрижувачка ситуација држвата понуди неколку пакет на мерки како помош за надминување и спречување на кризата, но очигледно дека тоа беше само трошка за граѓани.

Картичките кои ги додели Владата како дел од четвртиот пакет на мерки во вредност од 6.000 граѓани предизвикаа гужви пред банките ширум цела Македонија.

Гужва од луѓе имаше и пред банките во Струмица, родното место на Зоран Заев и Костадин Костадинов. Имено ако се навратиме наназад тие многупати до сега се се фалеа како водат грижа за нивната родната Струмица и како граѓаните се задоволни од животниот стандард во ова населено место и слично.

Но фотографијата која стаса до нашата редакција покажува сосема нешто друго односно дека граѓаните едвај чекаат било каква финасиска помош за да можат да преживеат бидејќи повеќе од 7- 8 месеци останале без работа и немаат пари ниту за леб.

-Повеќе од 7 месеци јас и сопругата останавме без работа и без нашите примања. Едвај врзуваме крај со крај. Немаме пари за леб. Дојдов да видам како оди целата процедура за картички зошто повеќе од било кога ни е потребна било каква финансиска помош. Ова што ни го нудат во никоја мера не може да ги задоволи нашите основни потреби во текот на денот, раскажа граѓанин.

Од сето ова може дека се заклучи дека ниту на Заев, ниту на Костадинов не им е важно како живеат нивните сограѓани, а ни најмалку тоа што големите гужви пред банките може да предизвикаат нов кластер на КОВИД-19.

Најнови вести

Коронавирус