вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 109
home Вести

Чавков: Обвинението е неосновано, казната драконска, a вилата на Халкидики ја подарувам ако најдете дека постои

Чавков: Обвинението е неосновано, казната драконска, a вилата на Халкидики ја подарувам ако најдете дека постои

Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков кој вчера беше осуден на 18 години затворска казна за собраниските инциденти од 27 април, се огласи на „Фејсбук“.

Обвинението го нарече монструозно и неосновано и порача дека казната е драконска.

1. Нарачката на мафијата која владее со Република Македонија е реализирана:
– Монструозно обвинение – неосновано
– Драконска казна
Ги повикувам сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ како и добронамерните граѓани на Република Македонија кои не се политички определени да се обединат околу каузата на ВМРО-ДПМНЕ и да се порази злосторничката организација која ги киднапира сите институции.
ПОДЕЛБИТЕ СЕ ВО КОРИСТ САМО НА МАФИЈАТА!
2. Вилата на Халкидики ( ако ја најдете да постои), ја поклонувам на ,,истражувачките новинари“.
3. Најавувам тужба за фингираната службена белешка.

Коронавирус