среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Чавков излезе од притвор

Чавков излезе од притвор

Екс директорот на бирото за јавна безбедност, Митко Чавков попладнево излезе од истражниот затвор Скопје во Шутка, откако Апелација ја потврди одлуката на Кривичен да биде прифатена гаранцијата од 600 илјади евра во која е вклучено земјиште и неколку станови.

Инаку, Чавков е меѓу 30мина обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Како директор на БЈБ , Чавков на 27ми април бил и шеф на оперативниот штаб со златна команда и според обвинението тој и неговите двајца началници Митко Пешов и Душко Лазаров началници не издале наредби за распоредување на дополнителни полициски сили за надворешно и внатрешно обезбедување на Собранието и овозможиле толпата непречено да влезе внатре за да се оствари целта на насилниот упад.

Коронавирус