четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Двојни аршини: Чавков 5-ти ден штрајкува со глад – власта не му дава да оди на операција, а Боки 13 цели 55 пати беше во болница!

Двојни аршини: Чавков 5-ти ден штрајкува со глад – власта не му дава да оди на операција, а Боки 13 цели 55 пати беше во болница!

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков започна штрајк со глад во штипскиот затвор, откако не му било дозволено да оди на операција за колено.

“Заради грубо кршење на Уставно загарантираното право на здравствена заштита, вградено и во Законот за извршување на кривични санкции, заради АРБИТРЕРНОТО толкување на правото на здравствена заштита од директорот на Казнено поправниот дом Штип, пристапувам кон ШТРАЈК со глад“, објави Чавков.

Во неговата жалба тој вели дека со уредна медицинска документација, за потребата од оперативен зафат кој трае само два дена, со документација за закажани датуми за преглед и операција, беа запознаени одговорните раководители и директорот на КПД Штип.

-Медицинската документација ја игнорираат со нерационални и усмени одговори со што се ставија во улога на ГОСПОДАРИ НА МОЕТО ЗДРАВЈЕ, објави тој.

-Заради арбитрерното токување на позитивната обврска за здравствена заштита од државата, ќе бидат запознаени и Комитетот за превенција и заштита од тортура и ќе поднесам кривична пријава за сомневање за извршено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување како и тужба за кршење на уставно загарантираното право на здравствена заштита. Директорот на Установата не се ни воздржа да каже дека причина за неразумното и арбитрерно толкување и попречување на операцијата без писмено да ме извести според него било и поради “ЗВУЧНОСТА” на моето име и презиме, што е ПРЕСЕДАН!!! Политичка координација заради попречување на правото на здравствена заштита е не само преседан туку и акт на системска тортура, додава тој.

Иако штрајкува со глад неколку дена, власта не покажа ни трошка грижа за неговото здравје.

Доколку согласно неговата возраст не направи операција на коленото сега, за извесен период ќе треба да вгради вештачко колено.

Чавков е човек кој има срцева болест. Тој веќе еднаш беше хоспитализиран, па додека се наоѓаше во Шутка беше извршен зафат врз него.

Штрајкот со глад може да ја влоши сериозно неговата здравствена состојба, а тоа на надлежните им е и повеќе од јасно.

Чавков е осуден на 18 години затвор за настаните во Собранието на 27-ми април. Човек кој цела кариера ја посвети да се грижи за безбедноста на граѓаните, стана жртва на политички прогон.

Боки 13 дури 55 пати бил носен во болница

Додека за Чавков никој не се грижи и не му се дозволува да направи операција, Боки 13 се жали дека често го носат во болница.

Јовановски се обрати на судијката и се пожали за здравствената состојба.

-Состојбата не ми е добра, дури 55 пати сум носен во болница. Не сум експериментален глушец, еден кажува едно, друг друго, за да на крајот обвинителката Вилма Русковска констатира дека сум во добра здравствена состојба, рече Јовановски.

Коронавирус