вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Чауш против денешната акција на „Тигрите“: Падна првата жртва од новиот режим

Чауш против денешната акција на „Тигрите“: Падна првата жртва од новиот режим

Захир Бекири-Чауш на социјалните мрежи се огласи по повод денешната акција на полициската единица „Тигри“ во тетовското село Ларце каде беше застрелано лице со дебело криминално досие, баран повеќе од една деценија.

-Падна првата жртва од новиот режим. Албанец во Тетово, Бог да го прости. До актуелната власт, не тепавте во Бит пазар, во Гостивар, во тетово за Универзитетот, сега пола полицајци од тој Универзитет имаат дипломи. Ви веруваме нарочито јас! Не сјебавте сите, а мене посебно со кејф. Е па идете у пичку матер, доста беше, напиша Чауш на својот Фејсбук профил.

Неколку часа траела акцијата на специјалците на МВР за приведување на 38 годишниот Ј.Р. По претходно направен план, полицијата ја опколило куќата на криминалецот но тој веднаш дал отпор.. Во самоодбрана фрлил рачна бомба. Од МВР велат дека по ова облекол панцир, со себе зел автоматска пушка со три рамки оружје, пиштол и четири рачни бомби па побегнал на околу 200 метри од својот дом.. Со ова не престанала престрелката. Тој повторно се обидел да фрли рачна бомба кон специјалците но бил застрелан.

Малкумина од жителите сакаа да говорат за акцијата на МВР. Роднините на убиениот не дозволуваа да се снима нивниот дом.. Рекоа дека во селото имало многу полиција и таа ја снимала целата акција.

Речиси половина ден беше забранет пристапот во Ларце. Увидни екипи на полицијата и обвинителството неколку часа собирале докази од местото. Доцна попладне сите заедно го напуштија селото.

Според МВР, 38 годишниот криминалец бил баран за издржување 27 годишна затворска казна.. Бил осуден за дури шест кривични дела. Обвинителствата во Скопје и Тетово го гонеле за убиство, обид за убиство, нелегално поседување оружје, грабнување, кражба на возила, учество во тепачки.

Коронавирус