вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 1
home Вести

Чашуле: Замислете, ЈО се прогласи за ненадлежно во аферата “Лепливи раце”, каде од авион се гледа дека директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев зема пари на рака

Чашуле: Замислете, ЈО се прогласи за ненадлежно во аферата “Лепливи раце”, каде од авион се гледа дека директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев зема пари на рака

Боки реши да отвори душа. Така упицанет и во свој стил го однесоа во обвинителството каде поднесе неколку кривични пријави и против функционери од власта. Кои се тие? За што ги обвинува, засега неможело да се каже бидејќи нели било предистражна постапка. Ама наскоро мислам дека може некое име да излета, онака како предјадење. Боки од Шутка беше спроведен во обвинителството каде што тој бараше кривичен прогон на повеќе луѓе. Ова го најави по пресудата за “Рекет” кога на сите ни порача рекетираните пари да се бараат кај браќата Заеви. Дали во овие пријави ги има Заеви, навистина незнам, но наскоро ќе откриеме. Или нема. Затоа што Боки примал закани дека ако отвори уста може нешто лошо да му се случи. Така да, нема да ме зачуди ако овие пријави завршат во некоја заклучена фиока. Но, некако Боки и Катица паднаа во втор план. Во однос на аферите добивме нова главна личност. А тоа е директорот во оставка на Фондот за здравство Ден Дончев, кој е главен актер во двата разговори и една видео снимка кои беа објавени на каналот Јутјуб. Дека гласот е на Ден Дончев потврди и Зоран Заев, рече Коле Чашуле во неговата вечерашна емисија “Седмица” на Алфа телевизија.

На снимката наречена “Лепливи раце” се гледа како Ден Дончев зема поткуп. Се гледа како непознато лице му дава нешто и потоа тој го става во ташна. Во снимката се слуша како Дончев го споменува адвокатот Филип Медарски. А дел од порталите посочуваат дека се работи за аферата со дијализниот центар “Дијамед Македонија”. Но, Заев за да ги одбрани Медарски и Дончев објасни дека станувало збор за Тотал ТВ а, не за “Дијамед”. Но, сепак екс премиерот немал објаснување за каква полициска акција станува збор, објасни Чашуле.

-Додека беше на функција во јавноста пукна аферата “Рекет 2”. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ и поранешната сопственичка на “Дијамед” министерот за здравство Венко Филипче се обидел да ја попречи продажбата на “Дијамед” на шведска компанија, со што сториле кривично дело злоупотреба на службена дејност и овластување. Насловот “Лепливи раце” многу ми се допаѓа и може требаше да биде слоган на една од партиите што учествуваат на изборите. И замислете, излафа Дончев и демантира дека снимките биле нецелосни и манипулативни се со цел тој да биде политички деградиран. Ја мајката. Значи биле сечени, монтирани и лепени? Чекајте. Еден куп луѓе завршија по затвори врз основа на вакви или слични аудио снимки. Ако Заев пушта “бомби” тие се доказ во судска постапка, ама ако некој друг пушта тие се сечени, лепени и монтирани. Немојте со прикаски за мали деца. Па, еве излегоа и други нови бомби “Како се краде во Македонија”. Во нив повторно се споменуваат имињата на Зоран Заев и адвокатот Медарски. Во последните години имаат извлечено 10 – 15 милиони евра без да платат данок во државата. Тоа се слуша во една од бомбите, а гласот е на Ден Дончев. Значи имаме бомби каде директно се споменува името на екс премиерот Заев и неговиот адвокат. И имаме Боки13-ка кој јавно ги посочува Зоран Заев и неговиот брат и никому ништо. Обвинителството како да е заминато на колективен летен одмор. И се прогласија за ненадлежни во аферата “Лепливи раце”, каде од авион се гледа дека директорот Дончев зема пари на рака, заврши Чашуле.