петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 134
home Вести

Чашуле: Заглави алгоритамот на Филипче, Малта со пола милион има 20 илјади тестирања од корона, а во Македонија само 5 илјади тестирања

Чашуле: Заглави алгоритамот на Филипче, Малта со пола милион има 20 илјади тестирања од корона, а во Македонија само 5 илјади тестирања

Деновиве сме сведоци на секојдневно прогресирање на бројот на заболени од коронавирусот во Република Македонија. Најстрашно е тоа што во голем дел се работи за здравствени работници, кои како резултат на немање заштита стапиле во контакт со заболен од коронавирусот и се здобиле со истиот, посочува Коле Чашуле во „Седмица“ на ТВ Алфа..

Во моменти кога сите држави вложуваат во медицинските работници и медицинските капацитети, кај нас можеме да забележиме дека докторите и сите медицински лица работат без при тоа да поседуваат соодветна медицинска заштитна опрема.

Во моментов најважно е сите медицински работници да добијат визири, медицински наметки, ракавици, маски и се што е неопходно за непречена работа. Исто така важен е моментот со алгоритмот кој треба да одреди кој пациент во каква состојба е. Доколку алгоритмот се прилагоди на поголемиот број на пациенти кои доаѓаат во установите, така докторите ќе бидат запознаени кој пациент во каква здравствена состојба е и кој е третманот со кој треба да се пристапи кон истиот. Така медицинските работници ќе бидат далеку повеќе заштитени при контакт со пациент.

На овој проблем мора да се пристапи далеку посериозно, бидејќи доколку медицинските работници од ден во ден заболуваат од коронавирусот, Република Македонија ќе се соочи со дефицит од медицински работници што ќе се одрази на бројот на заболени и мртви, за жал.

Коронавирус