петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 30
home Вести

Чашуле: Заев и компанија сакаат брзи односно корона избори

Чашуле: Заев и компанија сакаат брзи односно корона избори

Новинарот Коле Чашуле во својата емисија „Седмица“ посочи дека неспособноста на владата предводена од СДСМ е се поочигледна.

„Затоа власта се дрзна преку своите пратеници да го свика Собранието за да ги легитимираат одлуките донесени во вонредна состојба и за можност да се одржат побргу избори. Шегата на страна, понеспособна влада на економски план не сме имале досега. Па уште истата таа треба да не спасува од најголемата економска криза во поновата историја. Тешко нас“, нагласи Чашуле.

Чашуле додаде дека поради тоа планот на СДСМ е итно свикување на Собранието. И тоа поради тоа што сето тоа што го прават додека трае вонредната состојба да го легитимираат. Од несутавната одлука на претседателот да ја продолжи вонредната состојба, односно да прогласи втора, па преку сомнителните јавни набавки, Уредбата за хонорарите на СЈО итн.

„Вака ќе си го свикаат Собранието и оп се ќе е по закон. Втора причина што им се брза на СДСМ да го свикаат Собранието е многу посериозна. Односно се крие желба за брзи избори, се шпекулира дека власта сака избори во јуни“, појасни Чашуле.

 

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија