понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 19
home Вести

Чашуле за протестите за „Монструм”: Револтот не треба да биде против обвинителството, судот или Фетаи- барајте ја правдата од Заев, тој ви кажуваше дека невини луѓе лежат во затвор и ветуваше поинаква вистина

Чашуле за протестите за „Монструм”: Револтот не треба да биде против обвинителството, судот или Фетаи- барајте ја правдата од Заев, тој ви кажуваше дека невини луѓе лежат во затвор и ветуваше поинаква вистина

Новинарот на ТВ Алфа, Коле Чашуле во својата емисија „Седмица” околу протестите за случајот „Монструм”, истакна дека револтот не треба да биде против обвинителството, судот или Фатиме Фетаи, туку против Заев. Таму луѓето треба да ја бараат правдата. Заев е човекот кој на граѓаните им кажуваше дека невини луѓе лежат во затвор и им ветуваше поинаква вистина. Но, на крај испадна дека Заев е човекот кој ги изманипулира.

-Сите лажни вести кои ги ширеше Заев само за да се дограби до власта. Од сообраќајката на Никола Младенов, убиството на Мартин Нешковски, смртта на малата Тамара, „Диво насеље”, со посебен акцент за случајот „Монструм”. Покрај сите изјави дека во затвор лежат невини луѓе, бившата специјалка Фатиме Фетаи минатата недела ја откри вистината. Дека од разговорите што ги дал Заев и неговото сведочење ништо нема ново. Односно дека обвинетите и пресудите од времето треба да останат исти. Очекував дека нашите сограѓани Албанци ќе одржат протести. И еве тоа очекување се оствари. Но, револтот на граѓаните требаше да бидат насочени на правата адреса, а тоа е Зоран Заев кој ветуваше поинаква вистина за овој случај, рече Чашуле.

ЕУРО 2020

Македонија