вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 152
home Вести

Чашуле: СДСМ го криеше документот со кој Бугарија ни вели да заборавиме на македонското малцинство

Чашуле: СДСМ го криеше документот со кој Бугарија ни вели да заборавиме на македонското малцинство

Новинарот Коле Чашуле во својата емисија „Седмица“ говореше за скандалозниот документ на Бугарија со кој што ќе не условува за интеграција во ЕУ. Документ кој што СДСМ сакаше да го сокрие од македонската јавност.

„Македонија ќе мора да заборави на постоењето на македонското малцинство во Бугарија, ќе мора да заборави на македонски јазик и да употребува само службен јазик на РСМ. Ќе мора брзо да ја заврши работата на експертската комисија за историски прашања. Ако сака дда продолжи со преговорите за интеграција во ЕУ. Ова се само делови од изјавата, односно од документот на Бугарија во врска со усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ за проширување“, појасни Чашуле.

Чашуле додаде дека со ова практично Бугарија го условува одржувањето на меѓувладината конференција за конечно дефинирање на преговарачкиот пакет за почеток на преговорите.

„Најстрашно во сето ова е што нашата Влада го криеше документот“, нагласи Чашуле.

Коронавирус