четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Чашуле: Поради лошиот однос на власта и МОН талентите си одат од Македонија, а врз матурантите се врши невиден притисок

Чашуле: Поради лошиот однос на власта и МОН талентите си одат од Македонија, а врз матурантите се врши невиден притисок

Коле Чашуле вчера во емисијата „Седмица“ говореше за детето талент по математика кое не доби од МОН награда бидејќи не бил средношколец.

-Не бил средношколец, па затоа не му следувала награда. Ако ова не е класичен пример за тоа во каква држава живееме ние, не знам што е. И сега откако преку социјалните мрежи, но и ние медиумите, па дури и цела јавност се разгневи, на малиот Општината ќе му даде некоја парична награда, а ете се изборува и за некоја државна помош и слично, појасни Чашуле.

Чашуле запраша зар треба прво да се објави на социјални мрежи или медиуми за да власта се сети да го награди детето.

-Немој да мислите, ако не се кренеше толкава врева по медиумите, дека било кој од оваа власт со прст ќе мрднеше да му помогне на Дамјан или да го награди. Се ќе си останеше на тоа решението од МОН дека не било по закон и никому ништо, рече Чашуле.

Чашуле додаде дека така Македонија повторно ќе загубеше во странство уште еден голем талент.

-А, тоа доволно зборува за односот на власта кон младите во оваа држава. Па, видете и сега што им прават на матурантите. Знаете ли вие под колкав притисок се заради бојкотот на наставата? Невиден! Упорно, а јас мислам и дека од инает МОН и Царовска одбиваат да ги слушнат нивните барања. А, што се тие? Матурантите бараат заарди целата состојба во која се најдоа тие, заради корона кризата, оваа година наместо четири да полагаат два предмета. Велат минатата година загубија цело полугодие од третата година, а оваа цела четврта година ја одржуваат онлајн. За т.н. успех за онлајн наставата мислам дека сите си знаеме, и дека нема потреба да повторувам, истакна Чашуле.

Чашуле посочи дека со онлајн учење сите вклучени во образовниот процес загубија многу. Матурантите не бараат да се укине матураат како што манипулираат од МОН и Владата.

ЕУРО 2020

Македонија