среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 136
Во живо

ВО ЖИВО: 31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Вести

Чашуле: Најглупавото образложение за вакцините што сум го чул, е она на Шекеринска која вели “можевме да набавиме, ама нејќевме граѓаните да ги направиме заморчиња”

Чашуле: Најглупавото образложение за вакцините што сум го чул, е она на Шекеринска која вели “можевме да набавиме, ама нејќевме граѓаните да ги направиме заморчиња”

Новинарот на ТВ Алфа, Коле Чашуле во својата последна емисија “Седмица” на тема корона изрази збунетост околу изјавите на премиерот Заев и министерот за здравство Венко Филипче за набавката на Ковид вакцините.

-Дали некој знае што се случува? Знае ли некој да ми објасни од каде сме нарачале вакцини, што сме платиле, што сме нарачале, кој ќе испорача и како? Јас искрено не. Според нивните изјави, очекуваме 883 илјади дози вакцини од Ковакс системот. Дел ете веќе сме платиле, плус наводно сме договориле директно и со “Фајзер” за уште 800 илјади вакцини и првите требало да стигнат во февруари. И што би рекле во “Топ шоп” тоа не е се! Грците ни ветиле вакцини, Бугарите ни ветиле, а Србите ни дадоа ама не можеме да ги внесеме. Според последните информации, Владата дури го задолжила министерството за здравство да набави 200 илјади вакцини од Кина. А ќе преговараме и со Русија. Како и да е, сето ова е празен муабет. Факт е дека е веќе февруари, а во Македонија нема пристигнато ниту една доза од било која вакцина. Ако почекаме уште малце ќе треба да ни набават и вакцини против беснило, бидејќи веќе сме при крај со нервите и недај боже некој ќе збесне. Додека стигнат вакцините кај нас ќе не фати лето. Цел свет ќе биде вакциниран, а ние ќе останеме земја во карантин. Така да, власта со сите нивни советници целосно потфрлија. И на крај, најглупавото образложение што сум слушнал е изјавата на Шекеринска. Наводно, вакцините не биле испитани доволно, што значи владата не штитела од фараматевтски компании да не се вршело тестирање врз граѓаните, да не сме биле заморчиња, вели Чашуле.

ЕУРО 2020

Македонија