сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 77
home Вести

Чашуле: Кога ќе немаш пари удри по народот, СДСМ втор пат ќе ја крева акцизата за горивата

Чашуле: Кога ќе немаш пари удри по народот, СДСМ втор пат ќе ја крева акцизата за горивата

Се чини дека политиката кога немаш пари удри по народот, СДСМ и натаму ја применува, истакна новинарот Коле Чашуле во емисијата „Седмица“ на телевизија Алфа.

-Повисока акциза за нафтата, помалку пари кај граѓаните. Бизнис секторот алармира – ако владата го прифати предлогот на стопанската комора и ја покачи акцизата за два денари, тоа директно ќе удри врз џебот на граѓаните, вели тој.

Тој ја посочи и реакцијата на Асоцијацијата на камионски превозници, Макам Транс од каде апелираат владата да се откаже од намерата за раст на акцизата, оти во спротивно камионџиите ќе мора да донесат тешка одлука – или да ја покачат цената или да ја стопираат работата.

Чашиле истакна дека покрај камионските превозници реакција има и од сојузот на стопански комори од каде велат одлуката се носела во интерес на неколку фирми.

-Акциза во криза. Ептен е солидарна олигархијата, најдоа решение на грб на сите граѓани и малото стопанство, а во интерес на 2-3 фирми што се олигопол во државата, посочи Даниела Арсовска од Стопанската комора.

Новинарот ја прокоментира и изјавата на министерката за финансии, Нина Ангеловска.

-Дека владата размислува да ја прифати идејата на стопанската комора, потврди и министерката за финансии Нина Ангеловска. таа вели оти веќе се работи на носење нова уредба, вели Чашуле.

Коронавирус