сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 84
home Вести

Чашуле: И покрај мерките кои што само Чак Норис може да ги исполни, генијалциве од СДСМ ја качија акцизата на нафтата

Чашуле: И покрај мерките кои што само Чак Норис може да ги исполни, генијалциве од СДСМ ја качија акцизата на нафтата

Во емисијата „Седмица“, новинарот Коле Чашуле истакна дека Владата ја покачи акцизата на нафтата и директно удри по џебовите на граѓаните.

„За антикризна мерка кај нас се прогласуваат мерки кои што ќе значат зголемување на трошоците и тоа за сите граѓани на државата. Ни ги одложија кредитите, ама не скинаа со камати. На засегнатите фирми пред се угостителите кои се на работ на егзистенција им понудија некои си субвенции и кредити со услови што би рекле само Чак Норис може да ги исполни“, нагласи Чашуле.

Чашуле додаде дека единствена добра вест во ова време беше што нафтата драстично поевтинува, таа на светските берзи падна на 18 годишен минимум. Западно тексашката како што ја велат за првпат во историјата отиде во минус. Односно продавачите плаќаа само да се ослободат од залихите. Сепак оние кои што се израдуваа дека ќе возат со поевтини горива во Македонија најверојатно ќе почекаат. РКЕ ја формира цената според цените на нафтата од типот бренд која се продава во Европа, а не онаа западно тексашка, чија цена отиде во минус.

„Нашиве генијалци од владата ни смислија и друг начин да ни удрат по џебот“, нагласи Чашуле.

Чашуле вели дека граѓаните не можат ниту да се побунат за качувањето на акцизата на нафтата. Според владата на СДСМ ништо не значеле 3 денари зголемување на акцизата.

Коронавирус