петок, 5. март 2021. Вести денес: 125
home Вести

Чашуле: Екс специјалната јавна обвинителка Фетаи преку својата уста ја симна маската на актуелниот премиер Заев

Чашуле: Екс специјалната јавна обвинителка Фетаи преку својата уста ја симна маската на актуелниот премиер Заев

Коле Чашуле, во синоќешната емисија „ Седница со Коле Чашуле“ зборуваше за случајот „Монструм“.

-Миленичката на шарената револуција, екс специјалната Фатиме Фетаи со црната маска преку својата уста скроз ја симна маската на актуелниот премиер Зоран Заев. Ја сруши лагата и разголи вистината. После целата голгота од речиси 4 години јавно и тоа не било каде туку во судница се потврди дека тоа што го зборуваше опозиционерот Зоран Заев не беше вистината. Осудените убијци на доживотен затвор кој беа водени како резултат на таа лага и процесот се врати од почеток, на крајот пак испадна како што беше и првично кажано односно се докажа дека не станува збор за политички монтиран процес, рече Чашуле.

Тој во емисијата укажа и на една од изјавите која ја даде Заев за овој случај:

-Не ја знаат вистина, ни оние кој што се наводно виновни за овој процес, за убиството, велам наводно затоа што јас не верувам дека е така и тие не веруваат, ја бараат вистината, трагaат по неа и оние кои што ги изгубија животите односно сега нивните семејства не веруваат дека тоа е така како што е претставено во јавноста и тиe трагaат по вистината. Тоа што ќе го обелоденам е вистината поврзана со податоците кои ги имам, што има Заев? Tелефонски разговори, смс пораки се што е поврзано околу тоа на повидок на јавноста нема да го толкувам јас што е како е, јавноста ќе ги истолкува како што и самата го толкува овој процес на обелоденување што до сега се случува. Таа вистина ќе даде одговори на многу прашања- една од изјавите на монструм.

Коронавирус