вторник, 20. август 2019. Вести денес: 113
home Вести

Чанчаревиќ: Важна е автентичноста на снимката, а не кој ја објавил

Чанчаревиќ: Важна е автентичноста на снимката, а не кој ја објавил

Новинарот од Телма Огнен Чанчаревиќ на Фејсбук го прокоментира видеото од моментот кога Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Кичеец) со полна торба пари излегуваат од домот на бизнисменот Орце Камчев, која ја објавија италијанските медиуми.

-Мене ми е битно дали содржината на снимката е автентична, а изгледа дека е, без разлика дали ја има објавено десничарски весник, политикин забавник, колибри или развигорче, напиша Чанчаревиќ на Фејсбук.

Инаку, италијанскиот медиум утрово го објави видеото на кое јасно се гледа броењето на парите, како и излегувањето на Боки 13 и Зоки Кичеец од кај Камчев. Притоа е пуштен и дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Бoки 13, на кое Боки му објаснува на Камчев дека понеделник, најдоцна вторник ќе биде ослободен.