Цензурата проработи- тргнати се видеата од Конгресот на СДСМ во кои се зборува за вистинските проблеми.
Снимките на кои можеше да се слушнат говорите на делегатите кои ја критикуваа работата на СДСМ откако утрово беа објавени, сега веќе се тргнати.
Цензурата проработи и покрај јавната заложба на претедателот на партијата СДСМ Зоран Заев вчера дека ќе се почитува и охрабрува различното мислење.
Јасно е дека Фејсбук во Македонија работи како подружница на СДСМ, па сосема е разбирливо каде и зошто ги снема снимките кои ги откриваат проблемите во партијата.
Но вистината секогаш излегува на виделина, па еве ги на Твитер снимките кои зборуваат за „демокфратското“ во „државничката партија“.
Шеќеринска контра Заев!!
Далеку од камерите и микрофоните, Шеќеринска отворено зборува за проблемите во СДСМ и Заев. Слушнете што се случуваше во затворениот дел од Конгресот.#РеформиВоСДСМ#ОставкаНаЗаев pic.twitter.com/vucz3tP1g6
— Реформи во СДСМ (@reformivosdsm) May 17, 2021
Шекеринска контра Заев: Затвораме очи пред некои проблеми!
На 26. конгрес на СДСМ, кој се одржа вчера, местото на Радмила Шекеринска го зазеде Сања Лукаревска, која беше изгласана за втора заменик-претседателка на партијата. Освен Лукаревска за заменик на Заев, беа избрани и Венко Филипче и Фатмир Битиќи за нови потпретседатели на местото на Коста Петров и Мухамед Зекири.
Иако Шекеринска упати јавно честитка за изборот на новото раководство, таа на конгресот изрази и критики за досегашните делувања на партијата.
-Морам да кажам дека за некои работи сум и загрижена и сакам апсолутно да не сум во право. Загрижена сум дека за одредени прашања влегуваме во старата замка. А тоа е да ги затвораме очите од некои проблеми од кои само ние можеме да ги решаваме, никој друг. Загрижена сум за тоа чувство дека ако си го одмолчиш своето, нема да има никакви проблеми. А тие проблеми само се зголемуваат. Загрижена сум што е сомнително кога некој има став и некаква позиција, исправна или не. А не кога ги жртвува и ставот и принципите за некаква лична цел. И загрижена сум што повеќе почнавме да им веруваме и да им помагаме на луѓето коишто ескивираа или се дистанцираа, а помалку на оние коишто страдаа заедно со нас. Се надевам дека тоа мое чувство дека за некои работи шушкаме, а не зборуваме за да го решиме проблемот, тоа нема да и помогне, само ќе и’ одмогне на партијата, рече Шекеринска.
Заев направи катастрофална грешка со тргањето на Стојко Пауновски
Еве што СДСМ мисли и говори во затворениот дел од конгресот. Сдсм врие.
Владимир Митревски делегат, ОК Центар- го разрешивте Стојко Пауновски зошто работеше според закон, тоа е катастрофална грешка#реформивоСДСМ pic.twitter.com/TfQsOzKI2s
— Реформи во СДСМ (@reformivosdsm) May 17, 2021
Делегати на СДСМ до Заев: Го разрешивте Пауновски затоа што работеше според закон, тоа е катастрофална грешка!
Делегати на СДСМ порачуваат дека Зоран Заев направи катастрофална грешка со тргањето на Стојко Пауновски од функцијата.
Делегатот Владимир Митревски од СДСМ, според јавно објавените аудио снимки, директно на Заев му посочил: „Го разрешивте Стојко Пауновски зошто работеше според закон, тоа е катастрофална грешка“.
Еве што СДСМ мисли и говори во затворениот дел од конгресот:
-Целата одговорност од разговорите со луѓето, од тоа колку го познавам и го знам Стојко Пауновски, сметам дека направивме сериозна грешка, заради тоа што наш директор кој во такви тешки услови се однесуваше така како што се однесуваше и работеше, го разрешивме само заради тоа што не сакаше во општини каде што има прекумерен број на вработени да прими уште, не знам која бројка, навистина е дестимулативно за другите, рече тој.
Куманово против Заев
Борис Станковски од ОО СДСМ Куманово на затворениот дел од Конгресот на СДСМ: "состојбите ескалираат во партијата. Раководството го елиминира градоначалникот Максим од Централниот одбор, сами си ги редите членовите на ЦО…."https://t.co/hp41iujEX0
— Реформи во СДСМ (@reformivosdsm) May 17, 2021
Станковски: Раководството на СДСМ го елиминира Димитриевски зашто имаше свои ставови
Делегати на Kонгресот од Куманово реагира затоа што градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски не беше кандидат за член на ЦО и побараа да се стави точка на дневен ред со дополнување на кандидатите.
Борис Станковски од ОО СДСМ Куманово на затворениот дел од Конгресот на СДСМ, посочи дека состојбите ескалираат во партијата и раководството го елиминира градоначалникот Максим Димитриевски од Централниот одбор.
„Дали поради тоа што градоначалникот Димитриевси имаше свои ставови и размислувања е причината поради што тој не е ставен на оваа листа на членови за на ЦО на СДСМ? Пошто нема никаква логика, како што кажав, се прават некои нелогични работи во последно време. Не е време за суети, не е време за хајки, треба сите заедно да се обединиме, да го решиме проблемот, што е како е во кого е проблемот. Во Централата ли е во Скопје, во општинската организација ли е и барам од работното претседателство да името на Максим Димитриевски го стави на листата предлог кандидати за ЦО, а до делегатите да се изјаснат дали се за или против“, вели Станковски.