понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Централниот регистар потроши половина милион евра за нов портал и платформа, па објави нов оглас за ребрендирање

Централниот регистар потроши половина милион евра за нов портал и платформа, па објави нов оглас за ребрендирање

Централниот регистар објави оглас за ангажирање на компанија за деловни услуги, консалтинг и маркетинг, која ќе треба да изготви нов дизајн на корпоративни обележја – лого и заштитен знак, како и да изработи книга за графички стандарди, со цел ребрендирање на институцијата, пишува Фокус.

Во техничките спецификации на набавката се наведува дека понудувачот треба да предложи идејно решение за ново лого, амблем и логотип, како и генерален слоган на институцијата, што, стои во спецификациите, треба да биде во согласност со целите и политиките на инстиуцијата.

Инаку, Централниот регистар пред два месеци склучи договор со компанијата „РЕ-АКТИВ ДОО“ за изработка на заедничка платформа за отпочнување на бизнис и модернизација на порталот, во вредност од 548.500 евра.

Патем, во оваа тендерска постапка учествувала уште една компанија која понудила речиси идентична финансиска понуда, меѓутоа моделот на избор повторно му давал предност на квалитетот, кој, исто така, се вреднувал со 60 бодови.

Коронавирус