понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 68
home Вести

Цените за погребување на жртви од Ковид-19 ќе поефтинат

Цените за погребување на жртви од Ковид-19 ќе поефтинат

Се намалуваат цените на погребалните услуги за семејствата кои имаат жртва од коронавирусот.

Ваква одлука донесе АД Бутел откако семејствата се пожалија на превисоките суми.

Сега за 7 до 10 илјади денари ќе се смали потребниот трошок за да се погребе човек кој починал од ковид 19 а намалувањето ќе зависи од местото каде треба да биде погребан покојникот.

Големите трошоци Бутел ги правда поради тоа што за погреб се потребни два ковчези, еден лимен и еден дрвен, а се доплаќа и за лимење и за вреќата во која се става телото.

Инаку и КОД во синоќешната емисија објави дека цените за услугите на Бутел се над 40 илјади денари, а семејствата се жалеа што немале избор туку директно биле препраќани во Бутел.

ЕУРО 2020

Македонија