недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 71
home Вести

Цената за „шпанкси скали“ е 1500 евра за метар квадратен, а не по багателни цени како што вели ОЈО

Цената за „шпанкси скали“ е 1500 евра за метар квадратен, а не по багателни цени како што вели ОЈО

Компанијата „Амадеус девелопмент“ плати 1,590 милиони евра за локацијата на скопскиот плоштад. На електронско јавно наддавање кое се одржа во 2013-та година за локацијата од 1.046 квадратни метри „Амадеус девелопмент“ ја крена цената на над 1.500 евра за еден квадратен метар. Почетната цена беше 100 евра за еден метар квадратен.

Останува нејасно како за Основното јавно обвинителство е оштетен буџетот ако се земе предвид дека ова беше најскапоплатената аукција за државно земјиште во Македонија, додека имало случаи кога земјиште во строгиот центар на градот Скопје било продавано и по цена од 25 евра за метар квадратен.

На оваа локација (пред ГТЦ) беше предвидено да се гради деловен објект по претходно готово идејно решение подготвено од Владата на Република Македонија во барокен стил. Планирано беше објектот да биде висок 16 метри и да има 3.780 квадратни метри.

Коронавирус