понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 11
home Вести

„Цената на водата поскапе, затоа што Шилегов и Весковски граделе без тендери“

„Цената на водата поскапе, затоа што Шилегов и Весковски граделе без тендери“

Цената на водата поскапе, затоа што Шилегов и Весковски граделе без тендери, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Скопјани плаќаат поскапа вода заради Шилегов и Весковски и нивниот недомаќински однос кон градските пари. За трошењето на градски пари на сомнителен и криминален начин мора да има одговорност. ВМРО-ДПМНЕ очекува ЈО да постапи и да отвори кривична постапка против Шилегов и Весковски кои работеле без тендер. ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе кривичната пријава до ЈО за организиран криминал и корупција и очекуваме сериозен пристап кон случајот. Сите докази кои ги објавивме јасно индицираат дека е извршен криминал од чл. 353 од КЗ, односно злоупотреба на службена положба. Имено Шилегов и Весковски вршеле градежни работи на ул. „Варшавска“ и најмиле фирма без за тоа да имаат распишано тендер. Два месеци откако се завршени градежните работи е распишан тендер и склучен договор со фирмата која ги извршила работите, велат од партијата.

Од таму додаваат дека Шилегов и Весковски се до гушат во криминал.

-И надзорот утврдува дека градежните работи се вршени во месец август, и дека работата е завршена тогаш, а не во октомври кога е склучен договорот. Шилегов и Весковски се инфлагранти фатени во криминал. ЈО да не чека и да отвори истрага. Секое одолговлекување на случајот од страна на ЈО им остава простор на Шилегов и Весковски да се обидуваат да прикриваат трагови. Потребна е итна постапка. Криминалот мора да се санкционира, истакнуваат од партијата.

Локални избори 2021