сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 78
home Вести

Целото грчко општество на протест за бришење на името Македонија

Целото грчко општество на протест за бришење на името Македонија

Во време кога “пука“ оптимизот во Македонија за конечно решавање на долгогодишниот спор што го имаме со Грција во врска со уставното име Република Македонија, речиси 100 илјади луѓе дојдени од 90 градови и села вчера протестираа во Солун.

Протестот беше во организација на десничарско граѓанско движење во северна Грција, наречено ”Kinisi Thermaikos Wra Miden“ кое остро се спротивставува во било која варијанта да се користи името Македонија.

Иако протестите официјално не беа поддржани од Грчката православна црква, која е огромен фактор во политичкиот живот во тамошното општество сепак на вчерашните протести во Солун учествуваа речиси целокупниот црковен клер од Северна Грција.

Она што е карактеристично е на што на овој протест беа присутни и припадници на грчката армија облечени во униформи што на некој начин укажува дека овие протести се подржани и од грчката држава.

Помеѓу демонстрантите беше присутен и поранешниот министер за одбрана Франгулис Франгос, припадници на Златна Зора како и сегашни политичари од десните и центристичките партии како Фалилос Кранидиотис, Василис Левентис и Андреас Папамикимос.

Дека нешто не штима и во владата во Атина во врска со името Македонија покажува и присуството на коалициониот партнер на Ципрас, партијата Независни Грци на Панос Каменос.

Додека во Грција се подготвува да се организираат протести и во други градови во одбрана на нивните национални интереси во Македонија ситуацијата е сосема спротивна на тоа. Тука владата на СДСМ на секаков можен начин го уби граѓанското движење. Додека Грците постојано изјавуваат дека имаат црвени лини, нашиот премиер Зоран Заев во едно од интервјуата дадени за грчките медиуми кажа дека Македонија нема никакви црвени линии во овој спор.

Дали ваквиот став на Заев е дека по секоја цена ќе се откажеме од нешто за што многу луѓе гинеле и го давале својот живот за оваа земја е нешто што треба да го видиме во следниот период.

А дека работите не се одвиваат онака како што треба е и коментарот на нашиот преговарач во спорот со името Васко Наумовски. Тој рече дека последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот со името е далеку од достоинствен и се коси со резолуцијата 817 Советот за безбедност на Обединетите нации.

Протестот што се одржа во Солун не е непознат за Македонија. На 12 февруари 1992 се одржа еден од најголемите протести во историјата на Грција каде се собраа околу еден милион луѓе. Иако овој протест не може да се спореди со тој од 1992 година сепак според експертите е јасен сигнал и порака кон лидерите во Грција во која насока се движи таа земја.

Коронавирус