сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Цело семејство од Бугарија загина при падот на авионот кај Солунска глава

Цело семејство од Бугарија загина при падот на авионот кај Солунска глава

Татко, мајка и две деца загинале попладнево при падот на малиот авион „цесна“ некаде околу врвот Солунска Глава во Македонија, објави порталот МКД. Авионот, со германски регистрации, полетал од Охрид за Софија. Остатоци од авионот веќе биле пронајдени некаде на планината Јакупица. Се очекуваат повеќе информации за овој случај.

„Во 16.16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип цесна П210Н, кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да продолжи за Софија“, рече Николче Тасески, директор и претседател на УП на М-НАВ. Тој додаде дека пред да го снема воздухопловот од радар, пилотот пријавил дека има силни турбуленции.

Потрагата со два полициски хеликоптери е во тек.

Најнови вести

Коронавирус