петок, 14. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Цели 16 часа потоа: ДИК сè уште ги нема конечните резултати од изборите

Цели 16 часа потоа: ДИК сè уште ги нема конечните резултати од изборите

И по цели 16 часа од крајот на гласањето, Државната изборна комисија информира дека сè уште се врши прием на материјалот од општинските изборни комисии и при тоа рачно се проверуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите од избирачките места, како и записниците за сумирање и утврдување на резултатите од општините со цел точно да можат да се утврдат неофицијалните конечни резултати.

„Неофицијалните конечни резултати ќе бидат соопштени на попладневната седница на Државната изборна комисија, за која благовремено ќе известиме“, соопшти ДИК.

Веб-страницата на ДИК и денеска не функционира.

Според последните неофицијални резултати на Државната изборна комисија, од преработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратенички места, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 44.

ДУИ освои 15 пратенички места, а коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива – 12. Левица освои две пратенички места и ДПА едно место во Парламентот.

Според се уште неофицијалните резултати, СДСМ и коалицијата освоиле 36.12 отсто гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 34.85.

Коронавирус