среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Цел викенд нестабилно време со дожд и грмежи

Цел викенд нестабилно време со дожд и грмежи

Како што соопшти УХМР, утре претпладне ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер.

Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од минимални девет степени во Маврово до максимални 32 во Гевгелија.

И во следните денови ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во недела температурата ќе биде од 10 до 30 степени. Слични вредности се прогнозираат и за периодот од понеделник до четврток.

Коронавирус