вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 98
home Вести

Цел месец молк по крвавата ликвидација на „Рузвелтова“: МВР не може да го расчисти убиството, криминалците чекор пред полицијата

Цел месец молк по крвавата ликвидација на „Рузвелтова“: МВР не може да го расчисти убиството, криминалците чекор пред полицијата

Цел месец полицијата не успева да идентификува кој се возеше во зелениот Ленд Ровер, ноќта на 29-ти септември кога беа убиени две лица, а еден тешко повреден во строгиот центар на Скопје.

Двојното убиство влеа страв и несигурност кај скопјани, а фактот што МВР цел месец не може да ги пронајде убијците е само уште една причина за недоверба во оние кои треба да ни ја чуваат безбедноста.

Единствените информации со кои јавноста располага се оние кои излегоа кобната ноќ и два-три дена подоцна. Од тогаш молк.

МВР утрото по убиството информираше:

-Во 00:30 часот на улица „Франклин Рузвелт“ во Скопје, непознати лица од возило пукале во возилото „Сеат aлтеа“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле лицата Н.А.(44), Ф.Е.(19) и А.П.(49), сите од Скопје.

Триесет дена подоцна, лицата кои пукаа среде Скопје, се уште се непознати лица.

Нерасчистени должничко-доверителски односи и меѓусебни закани меѓу довчерашни ортаци во нелегални бизниси се можна причина за класичната ликвидација која на 29.09.2018 се случи во Скопје,  сметаат запознаени извори пренесени од весникот Вечер.

Првата жртва што почина во гангсетрска бркотница со автомобили престрелка на „Рузвелтова” е Наим Ајети, кој е брат на познат скопски криминалец Џелал Ајети – Џељо, кој беше, исто така, ликвидиран изрешетан во својата чајџилница во населбата Ченто пред пет години.

Според соговорниците, сега убиениот Наим Ајети го наследил својот брат на чело на криминална група, којашто се нарекувала „Беланоча” и продолжил со криминалите за кои претходно бил гонет и осомничен неговиот брат.

Еден од можните мотиви според сомневањата на лица запознаени со функционирањето на скопското подземје, е можеби пресметка за превласт во подземјето меѓу неколку криминални групации.

Меѓутоа, постојат и мислења дека станува збор за нарачана ликвидација на Наим Ајети, од негов поранешен ортак во „бизнисот” кој му должел 75.000 евра, кои сега убиениот ги барал со закани по животот на должникот, на што исто така му било возвраќано со смртни закани.

Во болница, следниот ден, почина уште едно од лицата врз кои се пукаше среде Скопје, како во акционен филм за мафијата.

Ова не е прв случај на истражните органи осомничените да им бегаат и со месеци, па и години, убиствата да останат нерасчистени, а убијците да бидат на слобода. Случајот Рузвелтова е само последниот случај за кој истрагата е до никаде.

-Истражниот тим за овој случај работи интензивно, секојдневно, на прибирање на податоци и информации, ги генерализираме и кога ќе дојдеме до фаза да можеме да ја информираме јавноста за конкретни чекори, тоа ќе го направиме, изјави Спасовски.

Не вродија со плод ниту информативните разговори со кои МВР се оправдуваше или пак купуваше време дека е на траг на извршителите на крвавиот настан.

Не е фатен убијците ниту на Дилавер Бојку, Мартин Јанушев, Никола Саздовски, а не се откриени сторителите ниту на нападите во Чаир, од пред скоро две години.

Министерот Спасовски вели дека зависно од случаите, министерството има побрзи или побавни реакции.

-Според сите процедури што се во рамките на МВР, се водат истрагите. Зависи од случаите, имаме побрза или поспора реакција. Како и да е, мора да бидеме максимално посветени на ваквите случаи, изјави Спасовски, пренесе Алфа.

Останува отворено прашањето, дали мафијашки пресметки со автоматско оружје во Скопје, сведочат за немоќта на полицијата во справување со криминалот?

Коронавирус