среда, 12. август 2020. Вести денес: 179
home Вести

ЦЕЛ КОМПЛЕКС КРУШИНО СЕ РАСПАЃА, а Шекеринска предизборно фарба љуљашка (ФОТО)

ЦЕЛ КОМПЛЕКС КРУШИНО СЕ РАСПАЃА, а Шекеринска предизборно фарба љуљашка (ФОТО)

На само 2 километри од Кичево се наоѓа Спортско рекреативниот центар Крушино, едно од ретките места за спортска рекреација за кичевчани. Сепак, ова место со години е запуштено и заборавено.

Во состав на Крушино се наоѓа мотелот Бисер Крушино кој повеќе не работи, но и голем фудбалски терен, два тениски терени, еден терен за кошарка, атлетска патека како и уште еден терен кој може да се користи за футсал или ракомет. Целиот овој комплекс со години никој не го одржува освен рекреативците од Кичево кои спортуваат во летниот период, а за да стигнете до него си го ризикувате животот затоа што треба да поминете преку свлечиште поради кое пропаѓа патот до ова место.

СДСМ пред парламентарните избори во 2016, но и локалните во 2017 година, пред жителите на Кичево излезе со ветување дека ќе му биде вратен сјајот на Крушино. Сепак после цела мандат ништо не е преземено за ова место. Но затоа токму пред претстојните парламентарни избори Радмила Шекеринска и покрај неоствареното ветување на за враќање на сјајот на Крушино зеде да се слика токму таму фарбајќи детска љуљашка. Притоа однесувајќи се како претходното ветување да не постоело.

За запуштеноста и заборавеноста од власта на овој спортски комплекс сведочи и видеото на Шекеринска од каде се гледа колку тревата на фудбалскиот терен е сува  и неоджувана. Но барем се сликаше и снимаше за кампања.

Коронавирус