петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 192
home Вести

Царовска: Зимскиот распуст нема да почне порано

Царовска: Зимскиот распуст нема да почне порано

Нема да има предвремен зимски распуст годинава.

Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека првото полугодие на учебната 2020/2021 ќе заврши на крајот на годинава, а второто ќе почне на 21 јануари 2021, бидејќи во улилиштата нема значително ширење на вирусот. Ова следи откако претходно опозијата побара зимскиот распуст да почне порано. Царовска додава и дека иако опозицијата го дала овој предлог не слушнала аргументи со кои тој би бил оправдан.

Според податоците на министерството за образованиое и наука во моментов активни ученици со физичко присуство се 79, што е 0,06 проценти од вкупниот број ученици, и 148 наставници до вчера, што е помалку од 1 процент од вкупниот број наставници во земјава.

Најнови вести

Коронавирус