петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 156
home Вести

Царовска удри по воените инвалиди: Затворени 9 подрачни единици на Управата за прашања на борци и воени инвалиди

Ова е голем удар за воените ветерани низ цела Македонија и класичен пример за негрижата кон овие граѓани од страна на министерката Царовска и Владата, здруженијата на ветерани се погласно на социјалните мрежи негодуваат за ваквото решение, а не стивнуваат ниту реакциите на гневните ветерани кои се оставени на цедило.
Царовска удри по воените инвалиди: Затворени 9 подрачни единици на Управата за прашања на борци и воени инвалиди

Секојдневни скандали го тресат Министерството за труд и социјална политики и министерката Мила Царовска. Се започна со скандалите во Домовите за деца без родители, со злоставуваните малолетници и исчезнатите штитеници. Но скандалите околу министерството не завршуваат тука.

Имено,9 подрачни единици на Управата за прашања на борци и воени инвалиди се затворени низ цела Македонија. Управата е во состав на Министерството за труд и социјална политика и се грижи за правата на учесниците во воени конфликти и воените инвалиди кои во најголем број се учесници во конфликтот во 2001-ва година.

Царовска е одговорна за затворање на 9 подрачни единици на УПБВИ во следните градови: Крушево, Прилеп, Демир Хисар, Македонски Брод , Кичево, Пробиштип, Штип, Неготино, Свети Николе.

Оваа институција, покрај грижата за правата на учесниците во конфликтот во 2001 година, се грижи и за правата на борците во НОВ, како и учесниците во противтерористичката акција во Диво Насеље во Куманово и учесниците во мисиите во Ирак и Авганистан. Подрачните единици на локално ниво служат за остварување на права од боречка и инвалидска заштита.

Подрачните единици се затворени како резултат на одењето во пензија на голем дел од вработените во горенаведените градови, а вработените кои биле со волонтерски договор, договорите ниту им се продолжени ниту пак им е одобрено нивно вработување.

Последниот стратешки план за работа на Управата за прашања на борци и воени инвалиди во состав на Министерството за труд и социјална политика е од 2017 година со времетраење од две години до 2019 година. Во  планот се уште стојат впишани 34 подрачни единици иако речиси една четвртина од подрачните единици поради негрижа на министерството се веќе затворени.

Коронавирус