вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 113
Во живо

Изјава на Мицкоски и Сарамандов од Гевгелија

home Вести

Царовска се однесува како почетокот на учебната година да ја изненадил како снег во мај, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Царовска се однесува како почетокот на учебната година да ја изненадил како снег во мај, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Мила Царовска и Владата прокоцкаа цело лето и не создадоа услови за физичко присуство на учениците на настава од денес, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Голем број училишта низ дрмавата не се спремни. Дезинфекција нема. Протоколите имаат пропусти.
Царовска наместо да набави брзи тестови за учениците и да создаде систем за брзо изолирање на КОВИД позитивни жртвува повторно цела година. Само прашање на време е кога Царовска повторно ќе ја воведе онлајн наставата. Учениците немаат услови за учење Царовска ги донесе до ситуација од една книга да учат две дечиња. Царовска не обезбеди книги и наставен материјал, векат од ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинуваат дека Царовска се однесува како стартот на учебната година да ја изненадило како снег во мај.

-Образовниот систем е дотолчен од аматеризмот на Царовска. Време е да се стави крај на експериментите. Време е за промени, посочија од партијата.

Локални избори 2021