четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 4
home Вести

Царовска против децата, родителите гневни: Половиот орган НЕ е родова разлика

Царовска против децата, родителите гневни: Половиот орган НЕ е родова разлика

Речиси сите родители се гневни по одлуката на минитерката за образование и наука Мила Цароска и нејзината нова реформа со што родителите на децата не се пишуваат како мајка и татко туку како родител 1 и родител 2.

Но, доказ дека сето ова ќе се воведе во образовниот систем е обуката која ја имаат објавено за наставници Институтот за човекови права каде ќе се обучуваат наставниците дека родот е независен од полот и дека половиот орган не е родова разлика меѓу мажите и жените бидејќи може да се промени со хирушка интервенција.

Во групата „учебници и наставници мора да има“ сега е објавен и конкурсот за обука на наставниците во врска со родот и полот на родителите.

-Почитувани родители,

Ве молам подетално да се информирате за родово-сензитивната компонента предложена во Концепцијата за основно образование која е УСВОЕНА и што точно таа значи и дали се согласувате со истата. Знаете дека во тек е обука за наставниците на оваа тема!

На веб страницата на Институтот за човекови права е објавена информација за ДИГИТАЛЕН КУРС – ОБУКА НА НАСТАВНИЦИ.
https://www.ihr.org.mk/…/digitalen-kurs-obuka-na…

Нивните курсеви можат да бидат посетени од секој заинтересиран граѓанин (информации има на веб страницата) и доколку се пријавите, подолу е изваден дел од информациите кои ќе ги научите.

За ова се обучуваат нашите наставници! Дека родот е независен од полот и дека половиот орган не е родова разлика меѓу мажите и жените бидејќи може да се промени со хируршка интервенција!, стои во постот на Фејсбук.

ЕУРО 2020

Македонија