сабота, 4. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Царовска предреферендумски ветуваше поголеми пензии, сега СДСМ го укина покачувањето (ВИДЕО)

Царовска предреферендумски ветуваше поголеми пензии, сега СДСМ го укина покачувањето (ВИДЕО)

Власта го смени законот за да куртули од обврската за пензионерите да одвои повеќе пари. Владата донесе одлука со која го промени законското решение за усогласување на висината на пензиите која е целосно различна од ветувањата на министерката Мила Царовска.

Имено со новото решение се брише еден од критериумите, а тоа е токму висината на платите како основ за покачување на пензиите.

Пензионерите се револтирани бидејќи примањата ќе им растат согласно зголемувањето на трошоците за живот, но не и според просечната плата, како што беше случај изминативе години.

Тие сметаат дека власта побрзала на крајот на декември да го смени законот и тоа токму во годината кога просечната нето плата пораснала за 5.7%, што значи дека ако се останело по старо пензиите би се зголемиле многу повеќе.

Актуелната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска лани предреферендумски ги убедуваше пензионерите дека нема да се промени методологијата за пресметка на покачувањата на пензиите.

-Токму затоа како што растат платите- растат и пензиите. И за тоа сте свесни. И минатата година го кажав и оваа година го правиме истото (два пати годишно)- рече Царовска во септември 2018 година непосредно пред референдумот за промена на името.

За промената на методологијата остро реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето гостување минатата недела во „Отвореното студио“ на МТВ истакна дека власта на пензионерите со најновите законски измени директно им ги скрати пензиите за околу 500-тини денари секој месец.

Тој напомена дека 300 илјади пензионери во Македонија останаа со пензии пониски за три проценти, сума која како што вели тој можеби не значи многу за функционерите на власта, но значи многу за македонските пензионери.

– Интевенционистичко, рестриктивно наметнато решение од страна на Владата па ги плаќаат тие минимални плати, доведе до зголемен пораст на просечната плата. И сега во моментот кога вие од истото ова чекмеџе ќе треба да земете и дадете за пензиите и тогаш немате. И тогаш што правите, ајде ќе ги кратиме пензиите. Да точно е на неколку илјади вработени им се зголеми минималната плата, но 300 илјади пензионери останаа со скратени најмалку три проценти пензија, а три проценти е 500-тини, 600-тини денари секој месец. За пензионерите тоа значи, можеби за политичката елита во државава од СДСМ тоа не значи, но за многу пензионери тоа значи, изјави Мицкоски.

Коронавирус