недела, 7. март 2021. Вести денес: 1
home Вести

Царовска нема слух за матурантите- од 21 јануари тие најавуваат бојкот на наставата

Царовска нема слух за матурантите- од 21 јануари тие најавуваат бојкот на наставата

Утре завршува зимскиот распуст на учениците, а средношколците од четврток 21 јануари најавуваат бојкот на наставата. Како што велат средношколците бојкотот на наставата ќе трае се додека Министерството за образование не ги прифати нивните барања во врска со одложувањето на државната матура.

Од Сојузот на средношколците велат дека своите барања ги доставиле до МОН уште минатата година односно на 9 декември 2020 година, но сеуште немале конкретен одговор. Претседателката на ССРМ, Бленди Ходаи вели дека првото барање било намалување на бројот на предмети кои матурантите треба да ги полагаат.

-Првото барање беше намалување на бројот на предмети кои матурантите треба да ги полагаат, од четири ние предлагаме само да има два предмети. Првиот предмет да биде задолжително мајчин јазик, односно македонски, албански или турски јазик и вториот да биде предмет кој би им помогнал подобро да се регистрираат на универзитетот во нашата држава, но и во странство. Второто барање беше материјалот кој е изучуван за време на пандемијата да има едноставни прашања, вели Ходаи.

Наспроти нивните барања од МОН соопштија дека сите подготовки за матура се веќе завршени.

-Променетиот начин на полагање би се применувал веќе од следната учебна година и ќе се прави во заеднички и конструктивен дијалог со средношколците и наставниците.Сите подготовки за матурата се веќе завршени , се вели во дописот на МОН.

Повеќе од очигледно е дека ниту на власта ниту на Царовска не им се важни барањата на средношколците и немаат слух за сето оба,, а ни најмалку да се најде некое заедничко решение кој ќе биде за доброто на учениците.

Коронавирус